Дом за стари лица - Елисавета

Со нас не сте сами!

Ние постоиме со цел да им овозможиме високо квалитетна услуга и олеснување на старите лица и нивните семејства.

Домот за стари лица, Елисавета, е наменет за нега на старите лица кои поради својата старост или некоја друга причина не можат да живеат во својот дом, односно во семејно опкружување. Ние сме тука да им пружиме удобно сместување и квалитетна нега во пријатниот амбиент на нашиот дом.

Домот се наоѓа во Карпош 4, општина Карпош (зграда на стара телевизија) со капацитет од 41 корисник. Локацијата е во урбаниот дел на Скопје, а сепак пружа совршен мир и опуштање на своите становници. Располага со 19 соби, двокреветни и трокреветни, како и апартмански соби. На секој спрат располагаме со соба за дневен престој, кујна, трпезарија, бањи адаптирани за покретни и непокретни лица.

За нашите станари секојдневно се грижат, од аспект на надзор, нега и лечење, нашиот искусен стручен тим составен од: лекар, медицински сестри, негувателки, социјален работник и физиотерапевт.

Домот поседува ограден двор исполнет со зеленило, цвеќе, летниковец и клупи, каде нашите корисници можат да се опуштат во мирното опкружување и самиот релаксирачки амбиент.

Во домот е обезбеден лифт со кој станарите лесно можат да се превозат на двете нивоа од домот.

Посебно место заземаат секојдневните активности кои им ги приредуваме на корисниците, како што се:

  •  заеднички прошетки покрај река, посета на различни културолошки локации во и надвор од градот, садење на градинарски цвеќиња и други креативни активности во природа;
  • прослава на родендени, годишници и други значајни датуми;
  • дружење преку забавни игри како што се шах, домино карти и друго;
  • читање поезија и романи;
  • дружење со деца во соработка со локалните градинки и други активности по желба и избор на корисникот, секако во согласност со неговите афинитети.

Нашата цел е да го одржиме и продолжиме животот на старите лица, да се чувствуваат помладо, среќно и задоволно.

Нека нашиот дом биде и Ваш дом!